петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

По тешката болест, сега следува нов удар за најтажната принцеза во светот

По тешката болест, сега следува нов удар за најтажната принцеза во светот

Принцезата Шарлен од Монако била позитивна на тестирањето на ковид-19, но нејзината здравствена состојба „не е загрижувачка“, соопштија денеска од кнежевската палата.

„Во согласност со здравствените прописи кои се на сила, принцезата Шарлен, неколку дена ќе помине во изолација“ – се вели во соопштението.

Принцезата Шарлен позната како најтажната принцеза во светот, во март се врати во палатата по долгото отсуство поради здравствените проблеми, изјавија дека е „помирна“, но дека се уште е со чувствително здравје.

Сопругата на принцот Алберт од Монако, минатата година помина девет месеци во родната Јужна Африка. Таму била оперирана по тешката инфекција на синусите, а потоа престојувала во психијатриска болница во Швајцарија.

Најнови вести