четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Симов: Со многу повеќе производство на електрична енергија можеме да ги ублажиме негативните ефекти кон економијата, граѓаните и стопанството

Симов: Со многу повеќе производство на електрична енергија можеме да ги ублажиме негативните ефекти кон економијата, граѓаните и стопанството

Прво треба да ги идентификуваме сите негативни фактори кои негативно влијаат на економијата и лошо влијаат врз компаниите. Во моментот ние се соочуваме со зголемени цени на нафтата, гасот, електричната енергија. Потребно е да се земат параметрите и да се идентификуваат проблемите, изјави Орце Симов претставник од сојуз на стопанска комора во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

– Ние, земјите од Западен Балкан во 2020-та година 6те земји од Западен Балкан кумулативно имаа пад од 3,2 проценти на економијата, а Македонија беше речиси двојно повеќе, односно 6,1%. Во 2021 година 6-те земји од Западен Балкан забележаа раст кумулативен од 7,4% а во Македонија растот беше 4%, значи ние во 2021 година забележавме дупло поголем пад и двојно помал раст и нашите мерки, економија, човечки потенцијал и компании се справиле двојно полошо од земјите од Западен Балкан, рече Симов.

Симов додаде дека ние годишно произведуваме само 60 проценти од нашите потреби а 40 проценти ги увезуваме.

– Ние детектираме во повеќе сектори проблеми, еден од поголемите проблеми се енергенсите. Имаме драстично покачување на трите главни енергенси нафта, гас и електрична енергија. Нафта и гас ние немаме и не произведуваме, меѓутоа електрична енергија можеме многу повеќе да направиме и на тој начин да ги ублажиме негативните ефекти кон економијата, граѓаните и стопанството, кажа Симов.

Најнови вести