недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Трето наоѓање на главата на Св. Јован Крстител

Денеска е Трето наоѓање на главата на Св. Јован Крстител

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст.

А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.

Тропар

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во земјата. Затоа, собрани сите во денот на нејзиното наоѓање, со песни богогласни Го воспеваме Спасителот, Кој не’ спасува од распадливоста со твоите молитви.