вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Божица – во 2000-та година беше избрана за најубава жена на светот, а сега го „покори“ Париз со нејзиното деколте и отмен изглед

Божица – во 2000-та година беше избрана за најубава жена на светот, а сега го „покори“ Париз со нејзиното деколте и отмен изглед

Пријанка Чопра во Париз во италијанската амбасада присуствувала на гала вечерта на брендот „Bulgari“, а актерката со својата појава ги оставила присутните без здив.

Убавата Индијка блескала во гламурозното, впечатливо модно издание без ниту една грешка, направено да воодушеви и провоцира, но со мера.

Пријанка која во 2000-та година победи на натпреварот Мис на светот, избрала прекрасна модна креација со потпис на модната куќа „Rasario“ во ефектна боја на цигла.

Длабокото деколте кое се протегало речиси до папокот и тоа како привлекувало погледи, но без оглед на овој предизвикувачки детаљ, славната 39-годишна Пријанка не оставала вулгарен, туку отмен впечаток.

Пријанка комбинацијата ја надополнила со црни сандали од превртена кожа на висока потпетица, како и скапоцен накит – ѓердан и прстен со дијаманти и сафири.

Дали ви се допаѓа ова модно издание на Пријанка?

Најнови вести