сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Денес на редовната седница на Советот на Град Скопје како млади советници со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ поднесовме предлог одлука за давање на овластувања за управување на објекти, односно за нејзина измена и овозможување на дискотеките кои се сега лоцирани во Градскиот парк, да можат да работат и истите да бидат место за забава на младите во градот и неговите посетители, изјави денеска Сергеј Попов, претседател на УМС и советник во Советот на Град.

-После две пандемиски години редно време е да го вратиме сјајот на ноќниот и на социјалниот живот во Скопје.

Ги повикувам сите млади советници од другите коалиции и партии да го поддржат овој предлог, и да го направиме ова лето подобро за сите нас, истакна Попов.