недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали пресудата за Талир 2 е напишана уште пред да се кажат завршните зборови?

Дали пресудата за Талир 2 е напишана уште пред да се кажат завршните зборови?

Во текот на вчерашниот ден судот донесе пресуда за предметот Талир 2. Во пресудата судијката Даниела Алексовска Стојановска му одреди казна затвор од шест години на првообвинетиот поранешен премиер Никола Груевски, додека на второобвинетиот екс генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски му одреди двегодишна условна казна затвoр.

Скопскиот кривичен суд одлучи и да се конфискува Централниот штаб на ВМРО-ДПНЕ како и уште дваесетина партиски штабови низ државата.

Според полномошникот на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатката Ружица Николовска целта на судскиот процес бил токму конфискација на имотот. За да ја променат ваквата одлука таа рече дека ќе ги искористат сите правни можности кои им се на располагање.

Она што е симптоматично е што од завршните зборови на одбрана до донесувањето на пресудата не поминаа ниту 12 часа.

Симптоматично е и што уште во текот на завршните зборови кои беа само ден пред донесувањето на пресудата е што и адвокатите кои беа присутни на рочиштето на завршните зборови и останатите правници кои го следеа судењето видоа една сериозна грешка која што ја направи судот каде што се обиде да оневозможи едно право на одбраната, односно на одбраната од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Симптоматично е и што ваквата одлука следува на само 10 тина дена од закажаниот сенароден протест на опозицијата. Тенденциозно и забрзано изгледа целиот процес и одлука која беше донесена само да се убрза тој процес на политички линч врз ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на најавениот протест.

Пресудата за случајот Талир 2 ја прокоментира и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој што истакна дека целата пресуда изгледа како однапред да била напишана.

“Она што е исто така многу важно да се напомене е дека премногу е симптоматично и јасно е дека истава оваа пресуда била напишана однапред, се знаела каква ќе биде. Вчера завршни зборови, денес се донесе таа пресуда, така да се знаело бидејќи немаше повеќе од 12 часа за да може да се спреми сето тоа, истакна Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Филибастер на Радио Лидер.

Тој посочи дека оваа одлука на судот е однапред смислена и договорена и со ова го загрозуваат правото на некој начин.
Дополнително Арсовски се произнесе и околу начинот на кој СДСМ се однесува последните 5 години.

Она што го прави СДСМ е повеќе од јасно тераат на сила, тераат надвор од законите, надвор од правните рамки, но ова не е од сега ова е наназад 5 години. ВМРО-ДПМНЕ не е прв пат да биде предмет на ваков политички прогон и линч, така да јасно е повеќе е од јасно дека е политички реваншизам. Што се однесува до одлуката, таа е тенденциозна и очекувам дека повисоките инстанци ќе бидат свесни дека оваа одлука е неправедна и треба да се промени, додаде портпаролот Арсовски.

Политичкиот реваншизам, директниот атак врз опозицијата, селективната правда како и донесувањето на пресуди кои се однапред напишани и диктирани се причина за недовербата на граѓаните во судството и институциите.

Селективната правда и однапред напишаните пресуди се причина за довербата во судството од само 8 проценти.

Причина поради која случајот Талир е актуелен е и дефокус од поскапувањата, нискиот животен стандард и сиромаштијата, поради што народот губи нерви.

Најнови вести