четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Цел живот погрешно нанесувате дезодоранс: Има само еден правилен начин за тоа

Цел живот погрешно нанесувате дезодоранс: Има само еден правилен начин за тоа

Нанесувате дезодоранс наутро или после туширање или тогаш кога ќе почувствувате дека сте почнале да се потите? Но, треба да знаете дека тоа не се прави така.

Имено, дезодоранс треба да се нанесе пред спиење и тоа исклучува под пазувите.

Истражувачите дошле до заклучок дека тоа е најдобриот момент за нанесување на антиперспирант, затоа што во тој период најмалку се потиме, пренесува Хафингтон Пост. Ако малку се потиме во моментот кога нанесуваме дезодоранс, тој подобро ќе функционира и ќе го намали потењето под пазувите.

Во таа студија се спомнува и дека ефектот од дезодорансот така најдолго трае, како и дека утринско туширање или бричење под пазувите нема да го отстрани зошто веќе се „примил“ на кожата.