петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здравковски: До јуни реализирани се само 20% капитални инвестиции, тука се гледа неспособноста на оваа власт и колку сака да работат

Здравковски: До јуни реализирани се само 20% капитални инвестиции, тука се гледа неспособноста на оваа власт и колку сака да работат

Капиталните инвестиции без разлика колку ги пишува во ребаланс, 20% е реализацијата до јуни. Со оваа динамика до крај на годината ќе биде околу 50%. И тука се гледа неспособноста. Може колку сакаат милијарди да напишат, но прашањето е колку може и колку сакаат да реализираат., изјави за „Отворено“ на ТВ24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Здравковски посочи и дека неспособноста на власта се гледа по тоа што за 5 години од автопатот Кичево- Охрид се изградени само 14% односно само 8 километри и дека не држат оправдувањата за трасата затоа што Бочварски кога дојде министер го демантираше Сугаревски.

Здравковски посочи дека во западна Македонија не се инвестира и работи затоа што приоритетите на ДУИ се други.

– Ние не гледаме дека нив приоритет им се пат, канализација или водовод. Приоритет е Груби, роденден на Рамковен договор, администрација на Груби и треба посериозно да се заложат за развојот на западна Македонија. Постојано ги кажува коридор 8 и коридор 10, три буџети поминавме и нема резултат. И сега и за нив нема предвидено средства. Затоа велам дека плаќачите се неродени, кога ќе се родат тие ќе ги плаќаат, потенцираше Здравковски.

Најнови вести