четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бунт во Идризово, чуварите попладнево на протест

Бунт во Идризово, чуварите попладнево на протест

Вистинска драма утринава се случуваше во затворот Идризово откако вчера полицијата влезе во затворот и заплени огромна количина на дрога, ладно оружје како и мобилни апарати од затворениците.

Од непознат сторител утринава беше запалено возилото на командирот на затворската чуварска служба во КПУ Идризово.

Пожарот бил подметнат во 1:50 часот по полноќ, а возилото било паркирано во кругот на затворот покрај управната зграда на Идризово.

Поради настанот денес во 17 часот затворските чувари во Идризово излегуваат на протест пред затворот, како поддршка за колегата кој остана без својот автомобил.

Најнови вести