петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Нека биде ова пример за другите училишта: Погледнете што добија децата со посебни потреби во Прилеп (ВИДЕО)

Нека биде ова пример за другите училишта: Погледнете што добија децата со посебни потреби во Прилеп (ВИДЕО)

Од некого малку, за друг е многу. Секое дете заслужува добри услови во градинките и училиштата, а посебно е важно да се исполнат потребите на децата со посебни потреби.

Тоа успешно го реализира основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп.

Директорот на училиштето Ахил Јаков ја прикажа комплетната реконструкција на тоалетот за децата со посебни потреби.

Еве што напиша тој на својот Фејсбук профил:

Чест и гордост ми е да ја прикажам комплетната реконструкција на тоалетот за децата со посебни потреби на нашето училиште.

Огромен и макотрпен проект кој никако не можеше да се оствари ако не ми помогнеа општествено одговорните фирми и луѓе во моето опкружување.

Посебна благодарност до:

Ангромеханика,  Матадор,  Пост експрес,

Авто Контрол -Прилеп,  Марфил-Прилеп,

Техно Мега-Прилеп,советникот на Вмро-Дпмне  Др.Кире Јоноски и вредната рака на Мастер принтинг!

И како што вели онаа народната:

Да имаш пари а да не дадеш..е исто како никогаш да си немал

Благодарност од се срце и од мое име и од името на децата со посебни потреби