Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии повикува на социјалните мрежи, граѓаните да излезат и да го изразат своето незадоволство вечерва пред владата во 19 часот.
Бидејќи е јасно што ќе ни донесе утрето во Брисел, бидејќи ќе дозволиме со декларација да бидеме „дијалект на бугарскиот народ“, бидејќи не смееме да прашаме како се чувствуваат Македонците во Бугарија додека тука допрва ќе трпиме условувања за отворање и вметнување во Устав, па уште и ќе треба да сме доволно фини за да ги задоволиме соседите да се сме смилуваат да го тргнат ветото… Бидејќи ќе дозволиме да ги промениме учебниците по историја и ќе се правиме на три и пол дека Бугарите не биле фашисти, бидејќи по не знам кој пат ќе треба да плукнеме на се што ни оставиле нашите ни дедовци, бидејќи ми е преку глава да слушаме исфилувани памфлети дека ова е за мир во куќи, јас вечерва во 19 часот ќе излезам пред Влада за да кажам – ДОСТА Е и не се согласувам да се носат срамни одлуки! Барем тоа можам ко граѓанин да го направам. Бујрум.