петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Исповед од која болат и срце и душа: Мајката на Кика откри детали за смртта на славната девојка – тажни детали остануваат МИСТЕРИЈА

Исповед од која болат и срце и душа: Мајката на Кика откри детали за смртта на славната девојка – тажни детали остануваат МИСТЕРИЈА

Наташа Ѓукиќ, мајката на инфлуенсерката Кристина Кика Ѓукиќ (21) која пред шест месеци изврши самоубиство во својот стан во Белград, за прв пат во ексклузивна исповед проговори за смртта на нејзината ќерка.

Наташа Ѓукиќ неодамна ги презеде работите на нејзината покојна ќерка, но не сите, бидејќи истрагата, како што вели, уште трае.

-Нејзиниот дневник никаде го нема. Во него напишала се, а телефонот се уште е во обвинителството. Некој ја откажал нејзината сметка еден ден пред нејзината смрт и прв објавил на неа дека починала. Сè уште не знам кој беше. Многу има нејаснотии за нејзината смрт и чекам истрагата да биде целосно завршена. Имам причина да верувам дека Кика немала намера да се самоубие. И да беше тоа така, немаше да го направи тоа на мојот роденден, вели неутешната Наташа Ѓукиќ, пренесе ПИНК.РС.

Наташа за медиумите за прв пат раскажа што се случило 24 часа пред да дознае дека нејзината ќерка починала.

-Последен пат се слушнав со неа на 7-ми декември околу 23 часот и 36 минути, таа ме праша дали ќе можам да и платам кирија за јануари, а претходно истиот ден ме праша дали можам да земам заем за купување на стан. Таа вечер, видов на сметката, таа ја платила храната што ја порачала од 2 до 4 наутро. И сега се прашувам дали тој што планира да купи стан, планира и да се самоубие, рекла мајката.

-Во текот на разговорот се договоривме утре да дојде да го прославиме мојот роденден. Ми рече дека утре кога ќе се разбуди за се ќе се договориме, но тоа не се случи, вели неутешната мајка и додава дека Кика ноќе главно била будна и дека спиела подолго утрото.

Наташа кажа дека добила повик од пријателка на Кика која и го честитала роденденот и ја известила дека ќе оди кај нејзината ќерка, па заедно ќе дојдат кај неа дома. Сепак, Кика не одговараше на пораките, пренесе ПИНК.

-Тој ден залудно праќав пораки на Кика, но немаше одговор, немав поим што се случува. Планирав да одам во станот на Кика со мојата најдобра другарка околу 20 часот, со храна, ако не може да дојде, се присети Наташа и додаде дека во моментот кога требало да одат кај Кика, кај неа дошол еден сосед.

Наташа вели дека околу 22 часот и се јавил пријателката на Кика која отишла во станот на нејзината ќерка.

-Ми рече „Кика има пена на устата“, а јас и реков веднаш да повика брза помош, па ќе стигнеме ние, вели Наташа и додава дека веднаш повикала такси и се упатила кон станот.

-На влезот во зградата беше мачето на Кика, го зедов во раце, а набргу потоа сретнав жена од брзата помош. Таа ми кажа дека, за жал, нема добра вест за мене и дека Кика починала. Излегов кон нејзиниот стан, но не ме пуштија да влезам. Морав да ја видам, раскажува расплакана мајка.

Наташа кажа дека веднаш по влегувањето во станот го видела телото на Кика како лежи попречно на креветот, додека нејзините нозе висат. Мајката тврди дека Кика никогаш не лежела во таа положба.

-Посегнав по нејзината рака која беше во грч, ја погалив. Го гледав тоа убаво лице на моето дете. Ја погалив по лицето и во моментот кога ја погалив по вратот, крв ѝ излезе од носот. Беше страшно, низ липање зборува несреќната и неутешна Наташа и додава дека од тој момент не поминува ниту секунда, а да не размислува за Кика, пренесе ПИНК.

 

Најнови вести