петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Со четката за заби правите голема грешка – овие работи мора да ги знаете

Со четката за заби правите голема грешка – овие работи мора да ги знаете

Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Голема грешка е ако долг период користите иста четка.

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“ Апсолутно да!

На четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока.

Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи подобро ги убиваат бактериите.

Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.