Познатата актерка Шерон Стоун откри дека имала девет спонтани абортуси, а нејзината приказна пред јавноста ја поттикнала американската танчерка Пети Мургатројд, која неодамна објави дека изгубила бебе.
-Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Не е мала работа. Сепак, принудени сме да мислиме дека ова е нешто со кое треба сами да се справиме и дека е еден вид неуспех, открила актерката.
„Изгубив девет деца со абортус“, призна Шерон.
-Наместо да го добиеме толку потребното сочувство и емпатија и исцеление кое ни е толку потребно, женското здравје е препуштено на идеологијата на мажите, истакнува таа.
Сепак, Шерон успеа да стане мајка посвојувајќи три сина – Квин Кели, Леирд Вон и Роан Џозеф.