Ваква форма на француски предлог е неприфатливо за македонските национални државни интереси, вели поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Телевизија Алфа.
„Нашето чекорење кон ЕУ не е привилегија на една политичка партија или коалиционен блок. Тоа е желба на сите македонски граѓани и политички субјекти, на социјалниот капитал во државата и нашата политичка култура да ги усвоиме тие Евроатлански вредности“, рече Ѓорчев.
Ѓорчев потенцираше дека потребно е да се каже дека Република Македонија има достоинство, принципи и стандарди и тие се Европски и ги усвојуваме половина век во Македонија. Во тој контектст вакво нешто не прифаќаме затоа што е спротивно на вашите вредносни критериуми, вашите стандарди бидејќи вие изразувате двојни стандарди.
„Ние немаме никакви проблеми со нашите соседи ни територијани, ни гранични. Имаме само едно неразумно и нецивилизациско однесување на нашиот источен сосед кој бара нешто што и самиот знае дека не може да го добие“, кажа Ѓорчев.