петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На денешен ден е роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и автор на Крушевскиот манифест

На денешен ден е роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и автор на Крушевскиот манифест

Во Крушево на 28 јуни 1880 година е роден роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и писател. Автор бил на Крушевскиот манифест. Потекнувал од семејство со револуционерни традиции од охридското село Свиништа. Во 1902 година заминал на учителска должност во леринското село Баница.

Следната година се вратил во Крушево каде го затекнало Илинденското востание Крушево каде го затекнало во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевскиот манифест. Значаен е и неговиот творечки фонд со драмски остварувања и поетски ракописи, посебно делото „За Македонија“.

Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден, 2 август 1962 година.

Историски трудови: „Со поглед кон Македонија“, „Епопејата на Крушево“ и други.

Најнови вести