петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВАЛМИР АЗИРИ ЈА ИЗБРИША ПОРАКАТА ЗА КРШЕЊЕ РАЦЕ И НОЗЕ – „ама тоа нема да го спаси од гонење“, Фејсбук ги има постовите

ВАЛМИР АЗИРИ ЈА ИЗБРИША ПОРАКАТА ЗА КРШЕЊЕ РАЦЕ И НОЗЕ – „ама тоа нема да го спаси од гонење“, Фејсбук ги има постовите

Фактот што Валмир Азири ја избриша спорната објава на Фејсбук, нема да го спаси од гонење.

Според последните информации пратеникорт Антонио Милошоски, веќе ја поднел пријавата во полициската станица во Центар, и МВР веќе ќе почне да постапува по неа.

Односно, по оваа пријава ќе постапува Секторот за електронски криминал и ширење на омраза и насилство преку електронски пат, каде што влегуваат и социјалните мрежи.

Државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири вчера ја напиша објавата, па потоа ја избриша, но како што дознаваме, од МВР на пратеникот Милошоски му кажале дека тоа нема да го спаси од натамошно гонење, бидејќи МВР има соработка со социјалната мрежа Фејсбук, и преку барање кое ќе го упатат до ниов, тие преку ИП адресата ќе ги пронајдат сите објхавии што тој ги споделил во текот на вчерашниот ден, без оглед што тој потоа ја избришал објавата.

Покрај тоа, објавата веќе и ја пренесоа повеќе медиуми.

Како што напишавме, пратеникот Антонио Милошоски во полициската станица Центар во Скопје пред надлежен началник го пријави функционерот на ДУИ, Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, за синоќа искажаните закани за физичко насилство кон Милошоски.

Азири синоќа преку социјалната мрежа Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.

Денеска постот го нема на фејсбук на профилот на Азири.

Ова е по вчерашниот инцидент во Собранието, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети.

Еве што порача Азири. „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, пишувало на постот.

Најнови вести