петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Водечките балкански медиуми известуваат за нападот во македонското собрание

Водечките балкански медиуми известуваат за нападот во македонското собрание

Вчера во македонското собрание се случи инцидент до невиден размер, каде пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми, нападна пратеници од опозицијата меѓу кои имаше и жени.

Имено тој со невиден без и гнев маваше со што ќе стигне по пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, Дафина Стојаноска и Драган Ковачки, како по пратеникот од редовите не АА.

За ваквите напади од страна на Арбр Адеми известуваат и водечките балкански медиуми.

Па така index.hr напиша: Денес во собранието на Република Северна Македонија дојде до физичка пресметка. Арбр Адеми кој ја застапува коалицијата на ДУИ и СДСМ физички ги нападна опозициските пратеници, а ги маваше и со шољи за кафе, шише со вода…

Српски Н1 пак на својата веб-платформа објави текст во кој се вели: Претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Арбр Адеми со шоља за кафе го погоди пратеникот на АА, Халим Азири.

Ваквиот инцидент кој го предизвика пратеникот на ДУИ предизвика бурни реакции во јавноста, а осуди за неговата постапка сигнаа до сите страни.

Тој денес во изјава за некои медиуми изрази жалење за неговата постапка.

Најнови вести