петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ: Осуда за вербалните навреди упатени кон новинарка на ТВ Телма

АВМУ: Осуда за вербалните навреди упатени кон новинарка на ТВ Телма

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува недоличниот однос на советникот во општина Охрид, Нефи Усеини кон дописничката на телевизија Телма.

„Носителите на јавна функција се предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите, поради што тие треба да бидат свесни за одговорноста за секој искажан збор и да се воздржат од секаков вид недолична и непримерна комуникација.

Агенцијата во повеќе наврати досега апелира да им се овозможи на новинарите  професионално да си ги извршуваат своите обврски, пред се, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на политичките и јавните органи“ – се наведува во нивното соопштение.

 

Најнови вести