среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Андоновска: Овозможуваме бесплатен паркинг за крводарителите и специјализантите на Клинички центар

Андоновска: Овозможуваме бесплатен паркинг за крводарителите и специјализантите на Клинички центар

Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница ја поздрави одлуката за дополнување на ценовникот на Градски паркинг, нагласувајќи дека со оваа одлука на сите крводарители и специјализанти ќе им се овозможи бесплатен паркинг во Клиничкиот центар.

Се работи за одлука за дополнување на ценовникот на Градски паркинг. Зошто е оваа точка толку важна? Затоа што се однесува на две групи, а тоа се крводарителите, а тоа се специјализантите. Се однесува за регулирање на плаќање на паркингот на Клиничкиот центар. Четири години крводарителите бараа да бидат ослободени да плаќаат паркинг на Клиничкиот центар, бидејќи во еден период претходно истите тие крводарители беа ослободени, па потоа имаше одредени промени. Не е во ред на најхуманите луѓе оние кои што спасуваат животи да им го укиниме право за бесплатен паркинг на Клиничкиот центар. Така што за поздравување е тоа што повторно крводарителите нема да плаќаат и ќе имаат бесплатен паркинг, истакна Андовска.

Втората работа е дека со оваа одлука специјализаните кои што се на Клиничкиот центар, сите специјализанти а знаеме какви години помина, две и пол години во пандемија каде што тие истите специјализанти држеа цели смени во Ковид одделенијата заедно со сите останати. А тие специјализанти мораа да си платат паркинг. Што значи тоа? Тоа значи дека ако дошле навечер да држат смена и го паркираат своето возило таму. Утре дента треба да платат 2000 денари паркинг, а тие вечерта неуморно работеле и тоа без никаков надоместок. Од тие причини со оваа одлука им овозможуваме на специјализантите кои што се таму рамо до рамо со докторите и целиот медицински паркинг, да имаа можност да си платат месечен билет како што тоа го прават сите вработени во тој Клинички центар, рече таа.

Андоновска ги повика и советниците од СДСМ да ја поддржат одлуката и да ја исправат неправдата која што е направена од претходната локална власт.

Така што ја поздравувам уште еднаш оваа одлука од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, барам и од другите советници да го стори истото. Да ја исправиме неправдата која што беше направена, порача Андоновска.