петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КОГА НАРОДОТ ЌЕ ДОЈДЕ ПО СВОЕТО: Тоа што се случи пред Влада докажа дека Македонците без разлика на партиска припадност, обединети ги бранат своите корени!

КОГА НАРОДОТ ЌЕ ДОЈДЕ ПО СВОЕТО: Тоа што се случи пред Влада докажа дека Македонците без разлика на партиска припадност, обединети ги бранат своите корени!

Пред Владата на Република Македонија се одржа сенароден протест „Ултиматум – Не благодарам“.

Скопје беше исполнет како никогаш до сега. Реки од народ се слеаја во главниот град, се веаја македонски знамиња, се пеаја патриотски песни. Македонскиот народ масовно излезе, со знамиња и пароли искажувајќи го својот револт против францускиот предлог јасно порача: „НЕ за бугаризација“.

Македонците едногласно кажаа дека не го прифаќаат понижувачкото француско (бугарско) решение бидејќи овој предлог е неприфатлив кој се задира во македонските национални интереси и се негира македонскиот јазик.

Свеста на овој народ и повеќе е од очигледна. Сите заборавија од која партија доаѓаат, дали воопшто се партиски определени,  народот знаеше само едно, а тоа е дека Македонија е на Македонците, дека не заборава на корените и на секој еден кој до смрт се борел за нашата татковина. Народот излезе за минатото, сегашноста и иднината на Македонија, излезе и го крена својот глас против тоа што се обидуваат да и го наметнат на нашата земја.

На протестот говореа спортскиот новинар од Македонската радио телевизија Тони Стојановски, спикерката од нациналниот сервис Гордана Ѓорчева, новинарот Коле Чашуле, професорката Елка Јачева-Улчар, историчарката Наташа Котлар, композиторката Дарија Андовска, а на почетокот Игор Дурловски и Андријана Јаневска ја испеаја песната „Заветна” од Пепи Бафтировски. Сите во говорите кажаа дека се против овој предлог бидејќи се негира постоењето на македонскиот јазик и дека во ниту еден документ не смее да стои дека тој е бугарски дијалект.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите на почетокот на протестот кажа:

– Денеска Македонија се буди и сите оние кои што сакаат со потпис за ден-два од денеска да стават крај на Македонија, ќе бидат казнети од македонскиот народ и македонските граѓани.

Владата вчера го објави предлогот на Француското претседателство со ЕУ за Преговарачката рамка за Македонија, заклучоците на Советот на ЕУ и заедничката позиција на ЕУ за првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ.

Најнови вести