Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски, денес оствари средба со претставници на Мисијата на OSCE во Скопје, Штефан Нунер, политички советник и Беар Граждани, офицер за врски.
На средбата беше претставена визијата за функционирањето на Унијата на млади сили. Присутните разменија мислења за актуелните прашања кои ги засегаат младите во државата, како и процесот на донесување на законот за млади.
На средбата се дискутираше и за состојбата и предизвиците на младите во Република Македонија.
На крајот двете страни изразија подготвеност за интензивирање на соработката во иднина.