четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен водостој на дел од реките

Зголемен водостој на дел од реките

Неделната хидролошка информација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажува  зголемен водостој во однос на просекот за јуни на реките Пчиња кај Катлановска бања, Вардар кај Демир Капија и кај Велес, Брегалница кај Штип и Црна Река кај Новаци.

Пониско ниво од просекот за јуни имаат Вардар кај Јегуновце и кај Зајчев рид, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани.

Нивото на Охридското Езеро е два сантиметра над дозволениот максимален водостој, а на Дојранското е осум сантиметри над договорениот максимален водостој, информира УХМР.

Најнови вести