вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во октомври црковна богослужба за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец

Во октомври црковна богослужба за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец

Тетовско гостиварската епархија информира дека во октомври ќе се случи прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец. Канонизацијата ќе се изврши во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј.

-Возљубени браќа и сестри, на 15 и 16 октомври 2022 ќе се изврши канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во диптихот на светите. Канонизацијата започнува во сабота 15 октомври со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир од 17 часот која ќе ја чиноначалствива митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, информираат од епархијата.

Утредента од 07.30 часот во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј ќе има Восрекна Утрена богослужба, додека во 08.30 дочек на Архиепископот и Архијереите на МПЦ – ОА. Вееднаш потоа ќе започне Светата божествена литругија и прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец Кирил Лешочки.

Кирил Пејчиновиќ е роден 1771 година во тетовско Теарце, а живеел до 1845 година, бил голем просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир. Го обновил Лешочкиот манастир каде и почива во црковниот двор.

Најнови вести