среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Половина час чекање на ГП Богородица, на ГП Табановце 45 минути

Половина час чекање на ГП Богородица, на ГП Табановце 45 минути
архива

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во Македонија, времето на чекање е околу 45 минути. На ГП Богородица, времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести