недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тежок ден за Снежана Лупевска – се прости од својот „супермен“, месечината не свети залудно толку силно вечерва (ФОТО)

Тежок ден за Снежана Лупевска – се прости од својот „супермен“, месечината не свети залудно толку силно вечерва (ФОТО)

За Снежана Лупевска Созен, една од нашите најпознати новинарки и нејзиното семејство денес е тажен ден. Новинарката се прости од својот татко, а преку социјалните мрежи ја сподели празнината и тагата која ја чувствува.

„Велат таткото е првиот пријател што го среќаваш во животот и дека ќерките и татковците делат едно срце. Татковците се супер-херои, водичи во животот… Мојот татко беше сето тоа и многу повеќе. Смирен, но и силен, тивок, но и решителен, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен. Со сето ова не сфаќав дека старее, дека еден ден може да не биде со нас, затоа што никогаш не се жалеше и сè можеше сам. За жал, сега го напушти овој свет, но знам дека месечината не свети залудно толку силно вечерва. Од таму горе, од небото широко отворено за него и понатаму ќе ме следи и сака. Почивај во мир татко“ – напиша новинарката во емотивната објава.

Лупевска важи за една од нашите најистакнати новинарки во 27 годишно работно искуство зад себе, пример за професионалност и посветеност кон професијата. Снежана е осум години во брак со Ерџан Созен. Снежана и Ерџан се запознале пред десет години на семинар во Белград, каде таа учествувала како новинар – истражувач, а тој како член на Турската стопанска комора. Снежана и Ерџан се горди родители на малиот Микаил.

Најнови вести