Српската пејачка Гога Секулиќ е во блажена состојба и го очекува своето прво дете со Урош Домановиќ. Парот е пресреќен што ќе се оствари во најубавата животна улога, како што велат.
Гога е во 4-тиот месец од бременоста, а трудничкиот стомак веќе почна да и се оцртува.
-Не знаев првите два месеци дека сум бремена, трчав и многу работев. Први промени почувствував кога ми беше тешко и ме болеше желудникот, барем така мислев. Сега почнав да носам широки фустани, изјавила пејачката за дел од српските медиуми.