вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковиќ: Среќна Нова 1941 година во 21 век

Стоилковиќ: Среќна Нова 1941 година во 21 век

Пратеникот Иван Стоилковиќ се огласи на социјалните мрежи по повод францускиот предлог кој денеска е пред пратениците во Собранието.

-Додека се подготвувам да одам на денешната парламентарна фарса која по пратеник не значи ништо во материјална смисла, каде доволен е само 41 глас да се одглуми демократија, ми паѓа на памет дека деновите кои изминаа и оние кои доаѓаат ќе бидат раскажувани како денови во кои  „црвената олигархија“, т.н. носители на комунистичките власти, по 81 година се обидуваат да ја вратат во Македонија во 1941 година кога „администраторот“ односно бугарскиот фашистичли окупатор зазема своја позиција во Македонија, пишува Стоилковиќ.

Вели историјата се повторува, но овој пат како фарса.

-Бадијала викате, бадијала се глупирате, бадијалата одите против волјата на народот, но вие си знаете. Урсула Фон дер Лајен ќе дојде и ќе си отиден, сите ние ќе останеме тука, никој нема да ги решава нашите проблеми освен самите. Да ве потсетам дека немате, ниту ќе имате двотретинско мнозинство. Така да каде почнувате, тука и завршувате. Среќна Нова 1941 година во 21 век, пишува пратеникот на Фејсбук.

Најнови вести