недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гужва на граничните премини: 1 час се чека на „Табановце“, 40 минути на „Богородица“

Гужва на граничните премини: 1 час се чека на „Табановце“, 40 минути на „Богородица“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На ГП Табановце за излез од Македонија има задржување околу 60 минути, на ГП Богородица за излез од државата има задржување од 30 до 40 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести