четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Ноќ на големите срца“ – Хуманитарен настан на Дац и Александар за помош на семејството Трајковски од Бутел

„Ноќ на големите срца“ – Хуманитарен настан на Дац и Александар за помош на семејството Трајковски од Бутел

Александар Митевски и Драган Спасов Дац се приклучуваат кон хуманитарните акции за помош на семејството Трајковски кое ја загуби куќата при пожар.

„Ноќ на големите срца“ е хуманитарен настан кој ќе се одржи денеска со почеток од 21 часот на игралиштето на ФК Локомотива – до А1 арената „Борис Трајковски“, на кој ќе настапат Александар Митевски и Дац.

-Ќе се дружиме и ќе собираме средства за опожарената куќа на семејството Трајковски од Бутел. Со влезницата од 300 денари ќе направите добро дело, хумана работа. Нека биде тоа “Ноќ на големите срца”, дојдете, ќе пееме за сите вас, порачаа Дац и Александар.

Влезниците може да се набават на самиот влез или онлајн, на „Купи карти за се“. Собраните средства од хуманитарниот настан ќе се уплатат за изградба на семејната куќа на семејството Трајковски од Општина Бутел, која го изгуби својот дом во пожар.