Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на која се разговараше за францускиот предлог запраша дали пратениците од власта ќе поддржат промена на Уставот со цел впишување на бугарскиот народ и бугарските барања во Уставот. Таа исто така посочи дека пратениците од власта треба да си бидат доследни на тоа што го ветиле и доколку не си го исполнат ветувањето народот е тука да ги потсети на она кое што го ветиле.
-И јас ве прашувам дали ќе поддржите промена на Уставот со цел впишување на бугарскиот народ и бугарските барања во Уставот, а вие сега овдека се изјаснивте дека нема да поддржите и за тоа е веќе евидентирано и постојат забелешки. Ние и народот кој што повеќе од 10 дена протестира на улицата, ќе ве држиме за збор и ќе повикаме на одговорност кога ќе дојде моментот заради тоа што треба да знаете дека сте дел од Владата која што е подготвена по секоја цена да ја поддржи оваа скандалозна преговарачка рамка и уште поскандалозен протокол, рече Петрушевска.
Таа во текот на своето обраќање потсети дека во протоколот Владата на Република Бугарија ќе се согласи за прва меѓувладина конференција само и откако Македонија ќе прифати впишување на бугарскиот народ во Уставот.
Ќе ве потсетам дека во протоколот Владата на Република Бугарија ќе се согласи за прва меѓувладина конференција само и откако Македонија ќе прифати впишување на бугарскиот народ во Уставот, додаде Петрушевска.