петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поцкова до СДСМ: Народот е надвор на улица и ве повикува да кажете НЕ на понижувачкиот и погубен предлог

Поцкова до СДСМ: Народот е надвор на улица и ве повикува да кажете НЕ на понижувачкиот и погубен предлог

„Пред нас се предлог заклучоците во врска со информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со ЕУ. Овој предлог е неприфатлив и штетен и директно навлегува во македонските национални интереси, нема јасна гаранција за македонскиот јазик, идентитет и историја и заштита на македонските историски настани. Прифаќањето на овој предлог е велепредавство на македонската држава, а вас ве прави предавници“, истакна Јадранка Поцкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Поцкова додаде дека Собранието нема надлежност во овој дела затоа што преговарачката рамка за секоја држава која преговара за влез во ЕУ и станала членка ја усвојува Владата на државата и затоа се вика меѓувладина конференција, а не собраниска.

„Собранието нема надлежност да се занимава со изгласување на информации или уште каква ли не формулација ќе додадете за да ги исполните вашите срамни квинслишки договори. Народот е надвор на улица и ве повикува да кажете НЕ на понижувачкиот и погубен предлог од страна на Бугарија“, рече Поцкова.

Таа посочи дека предлогот по својата содржина е бугарска уцена на македонскиот народ. Вековниот стремеж за асимилација на македонскиот народ од страна на Бугарија.

„Предлогот е уцена која Владата е спремна да ја прифати, а вие во Собрание имате пред себе некоја информација, заклучоци и треба да дигнете рака и да учествувате во отпочнувањето на предавството и погибот на македонскиот народ, македонскиот јазик, и се што е македонско“, појасни Поцкова.

„Дали треба македонски народе да се согласиме со тврдењата на Бугарија дека Гоце Делчев е Бугарин? Дали треба мирно да спиете вие од власта и да се правите при здрав уши дека не слушате и ладнокрвно да потпишувате се што ќе се стави вас“, запраша Поцкова.

Поцкова рече дека македонскиот народ треба да знае што власта потпишува. Власта не може без одобрение на граѓаните да ги распродава националните интереси.

Најнови вести