среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина таткото на Мајкл Џексон, човекот за кој пејачот тврдеше дека го малтретирал

Почина таткото на Мајкл Џексон, човекот за кој пејачот тврдеше дека го малтретирал

Џо Џексон, татко на Мајкл и Џенет Џексон, почина на 89-годишна возраст во болница во Лас Вегас, кадешто се лекуваше од рак.

Како глава на семејството Џексон, тој одигра голема улога прво во кариерата на „Џексонс 5“, мегауспешната поп група во којашто членуваа петмина негови синови, а потоа и на Мајкл и Џенет Џексон.

Тој беше архитект на раните успеси на неговите деца, што ги вклучува и другите две ќерки ЛаТоја и Реби, но некои од нив подоцна открија дека тоа имало и темна и сурова страна.

Мајкл Џексон го обвини татко му за физичко и психичко малтретирање, како и дека го принудувал на исцрпувачки работен распоред.

„Тој стоеше на пробите со каиш во рацете и нѐ казнуваше за секој погрешен чекор во танцувањето“, кажа Мајкл Џексон во едно интервју.

Во интервјуто за Би-Би-Си во 2003 година, Џо Џексон призна дека го удирал Мајкл, но негираше дека тоа е тепање.

„Не жалам што сум го правел тоа. Тоа ги држеше подалеку од затвор и ги изведе на вистински пат“, кажа Џексон.

Мајкл Џексон го отпушти Џо како менаџер во 1979 година и самиот презеде контрола врз својата кариера. Џо Џексон потоа се фокусираше на кариерата на ќерка му Џенет.

Најнови вести