недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Аријан Ибрам единствен кандидат за градоначалник на Центар Жупа

Аријан Ибрам единствен кандидат за градоначалник на Центар Жупа

Актуелниот градоначалник Аријан Ибраим, е единствен кандидат, на, по вторпат повторените избори, за градоначалник на општина Центар Жупа, што ќе се одржат на 20 август.

-До Општинската изборна комисија пристигна само една кандидатура, која е и потврдена од наша страна. Тоа е кандидатурата на Аријан Ибраим од Турската демократска партија. Сакам да напоменам дека како и претходните два изборни циклуси немавме независна кандидатска листа, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на ОИК за Центар Жупа.

Изборот за градоначалник се повторува бидејќи не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 или 33 отсто од вкупно запишаните гласачи, ниту на изборите на 17 октомври 2021, ниту на повторените избори што се одржаа на 17 април годинава. Тогаш во трка за градоначалничката функција беа Ибраим и Шаин Шаќир, од партијата Движење за национално единство на Турците.

На изборите во октовмри право на глас во ова општина имаа 7.317 а го остварија 25,77 отсто, додека на повторените избори во април од запишанит 7077 лица гласа 29,97 отсто, што е околу 4 отсто помалку од неопходниот цензус.

Цензусот не беше обезбеден поради фактот што над 60 отсто од популацијата живее во некоја од западно евопските земји.

Со одлука на Владата на Северна Македонија на 14 ноември 2021 година Аријан Ибраим, кој два мандата е на функцијата, беше наименуван за повереник за надлежностите на градоначалник за оваа општина.

Изборната кампања започнува на 31 јули во 0.00 часот и ќе трае заклучно со 18 август до 24 часот. (МИА)