недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пронајдена исчезната жена на планината Плачковица

Пронајдена исчезната жена на планината Плачковица

Пред еден час на планината Плачковица пронајдена е 65 годишна од Штип, која во текот на вчерашниот ден беше пријавена за исчезната.

Портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски информира дека околу 9.45 часот жената која беше изгубена е пронајдена на радовишката страна на планината Плачковица од страна на полициски службеници и е во добра здравствена состојба.

Инаку, потрагата по неа е беше почната во текот на вчерашниот ден од страна на полициските службеници, а биле вклучени планинари и ловци. Со случајот се запознати Општина Карбинци, Шумска полиција, потоа ЈП Македонски шуми „Серта“-Штип и Дирекцијата за заштита и спасување.

Најнови вести