Платформата „Нетфликс“ соработуваше со компанијата „Мајкрософт“ за да им понуди поевтин план за претплата на корисниците кои ќе прикажуваат реклами, јавува денеска Би-би-си.
Нетфликс вели дека услугата ќе биде „дополнителна“ на нејзините постоечки планови, кои не вклучуваат реклами. Компанијата се уште официјално не откри колку планира да им наплати на претплатниците за новата услуга.
Нетфликс го објави овој потег откако ја пријави својата прва загуба на претплатници и отпушти стотици работници претходно оваа година.
Платформата за стриминг изгуби 200.000 претплатници помеѓу јануари и март, во споредба со 2,5 милиони што аналитичарите очекуваа компанијата да ги додаде во периодот.
Компанијата соопшти дека го избрала Мајкрософт за свој глобален партнер на технологијата за рекламирање и продажба за да воведе „план за претплата со пониски цени со реклами“, според Би-Би-Си.