Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје во текот на изминативе неколку дена вршат санација на плочникот кај споменикот Гоце Делчев и на платото пред фонтаната во Градскиот парк.
Санирањето опфаќа замена на оштетените плочи околу постаментот на споменикот, санација на скалите, а во тек е и замена на оштетените плочи околу фонтаната „Лотосов Цвет”, како и целосно средување на оштетените делови од плочникот.
Активностите за санација на плочникот во овој дел од Градскиот парк продолжуваат и во наредниве денови.