Манекенката Данијела Димитровска која има потекло од Македонија и водителот Огнен Амиџиќ пред неколку дена ја информираа јавноста дека се разведуваат по 10 години брак.
View this post on Instagram
Убавата манекенка по оваа одлука реши да ги спакува куферите и да замине далеку од очите на јавноста, па преку нејзината родна земја Македонија замина на одмор во Грција.
Таа на својот Инстаграм профил сподели дека заминала на одмор со своите другарки, меѓу кои и пејачката Ана Кокиќ.
Таа за време на патувањето со кола покажа како уживаат додека се возат со автомобил, а во меѓувреме сподели и фотографии во бикини на плажа.