Дали некогаш сонувате како да пропаѓате? Треба да знаете дека не сте единствени. Ова е еден од најчестите сонови- чувството на губење на тлото под нозете, скокање или паѓање во празнина или дупка и чувство на неподвижност.
Некои луѓе продолжуваат да спијат по тоа, но други пак се плашат и тешко им е да заспијат. Иако тоа не значи ништо страшно и докторите посочуваат дека станува збор за фаза кога во текот на спиењето мозокот ги парализира мускулите, а по будењето тие се стискаат, што создава чувство на паѓање или лебдење.
Сепак, некои сметаат дека позади ова се крие несигурност во животот, а дека ваквите соништа се случуваат особено кај оние луѓе кои често се под стрес. Се смета дека ваквата појава им влијае на 7 од 10 луѓе.инсајдер