петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово: Прифаќањето на бугарските барања е најголемото предавство во независна Македонија, дипломатски нокаут и македонска капитулација!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово: Прифаќањето на бугарските барања е најголемото предавство во независна Македонија, дипломатски нокаут и македонска капитулација!

Македонија претрпела безброј понижувања низ историјата, нејзиниот народ претрпел многу неправди, ѕверства и јареми.
За жал, и денес историјата се повторува. Денес, во 21 век, во две илјади дваесет и второ лето господово со изградена држава, кодифициран јазик, во Македонија повторно се најдoja силеџии кои што отвораат средновековни прашања и радосно и триумфалистички потпишуваат капитулација која ја слават, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово.

Дали се срамите пратеничке од СДСМ Фаница Николовска ?

Дали Македонија била попонижена некогаш во историјата?

Прифаќањето на бугарските барања е најголемото предавство во независна Македонија!

Дипломатски нокаут и македонска капитулација!

Протоколот да точно,ја отвара вратата за ЕУ, но на Албанија, а ја подзатвара вратата на Македонија.
Да бидам попрецизен, со протоколот кој што го потпиша Бујар Османи, сега Албанија ги почна преговорите за влез во Европската унија, но не и Македонија.

Македонија за да ги започне преговорите потребно е да се промени Уставот, односно преамбулата, а со промената, Бугарите да станат државотворен народ. Па дури потоа, да отпочнат преговорите на Македонија со Европската Унија.
Дека нема да биде сменет Уставот, говори бројноста и категоричната одлучност на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се 44 пратеници, плус пратеници од опозицијата кои што исто така се противат и не ја прифаќаат идејата за промена на Уставот. Така што, во овој момент владата нема две третини потребно мнозинство на пратеници во Собранието, што значи дека предлог преговарачката рамка останува предлог преговарачка рамка неусвоена.

Што доби Македонија со потпишувањето на Протоколот?

Само сликање и овековечување на предавството кое што го направи владата на СДСМ и Димитар Ковачевски.

Ова е предавство и замка за македонскиот народ, бидејќи Македонија е уценета од страна на источниот сосед!

Но, нема да помине ниту еден ден, без да бидете опоменувани и потсетувани за направеното предавство!

Одговорност за вакви предавства мора да има!, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово.

Најнови вести