Почитувани, Костадин Ацевски кадар и експратеник на СДСМ, за „Македонија пат“ склучува договор за транспорт на битумен, и само за транспорт без цената на битумен плаќа неверојатни над 4,5 милиони евра. Само за транспорт, 4,5 милиони евра. 374 цистерни, по над 12 илјади евра за цистерна. Еве го договорот уште еднаш, за еден тон битумен, променлив дел од методологијата, она што може да се менува според берзанската цена Ацевски плаќа 600 евра, а само за транспорт на тон битумен неверојатни 500 евра за тон, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Почитувани, од тука логично е прашањето: Како е возможно, во време на економска криза, за заработка од 4,5 милиони евра, да има само и само еден понудувач на овој тендер распишан од Костадин Ацевски во име на ,,Македонија пат”? Како е возможно за толкави пари да нема заинтересирани, особено ако се има предвид дека за иста набавка на битумен имало заинтересирани повеќе за цена од 50 евра за еден тон? Почитувани, еве што вели Ацевски вчера на прес конфереција со што самиот се демантира дека дека било невозможно да има пониски цени. Ацевски признава дека Улици и патишта, скопското јавно претпријатие има договор за битумен којшто споредбено покажува колку потписот на Ацевски стои на нереална сума за транспорт. Таа „некоја разлика“ како што милува да ја нарекува Ацевски за цените за транспорт, е цели 11 илјади евра по цистерна. ЈП плаќа 1,000 евра за транспорт, Ацевски 12.000 евра за една цистерна.За целиот тендер, таа разлика е 4,1 милиони евра. Тоа господине Ацевски, не е „некоја разлика“. Почитувани, Ацевски мора да каже како е возможно само и само една фирма да е заинтересирана за толкав мрсен тендер. Особено што Ацевски бил волен да даде толку пари, вели Стоилковски.
Тој додава дека Ацевски мора да каже зошто другите две фирми коишто биле заинтересирани како што самиот истакна на прес конференцијата, не конкурирале, туку само една фирма поднела и добила толкав тендер со толкава нереална цени?
-Почитувани, според Законот за јавни набавки, член 114, алинеја 2 и алинеја 4: „Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, aко: Алинеа 2 вели „не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда“. И Алинеа 4 вели „Понудувачите понудиле цени и услови кои се понеповолни од реалните на пазарот!“ Почитувани, Костадин Ацевски, кадар на СДСМ и поранешен пратеник, бил должен според законот за јавни набавки оваа јавна набавка да ја прекине по добивање на само една понуда со нереални цени. Но, тој ја потпишал со 1000% поголема, нереална сума за транспорт. Логично е прашањето каде завршуваат тие пари? Почитувани, оваа набавка, но и односот на Костадин Ацевски е слика за власта, за неодговорноста, за башибозукот и е одговор на прашањата зошто Македонија влетува од криза во криза и зошто се случуваат предавства?
Институциите и по неколку дена молчат, Ацевски се уште е директор и потпишува документи во име на ,,Македонија пат”! Ова мора да има крај, истакнува Стоилковски.