Поради основано сомневање дека директорот на Управата за финасиска полиција сторило кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања, како и кривчно дело „насилство“, Основното јавно обвинителство денеска поднело кривична пријава против Арафат Муареми, шефот на споменатата владина институција, ексклузивно дознава НетПрес кој имаше увид во соодветните документи.
![](https://kurir.mk/wp-content/uploads/2022/07/295411717_1019458048759047_1158772393676884700_n-405x480-1.jpg)
Инаку, претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција изврши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми.
Информацијата во понеделникот ја потврди и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
-Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, рече тогаш Русковска.
Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот. Од обвинителството, исто така, известија дека постапуваат по кривична пријава која била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани.