сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аеродром ги испрати Илинденските коњаници

Аеродром ги испрати Илинденските коњаници

Одржувајќи ја традицијата од 1978. година, Илинденските коњаници од Општина Аеродром синоќа тргнаа на пат кон Крушево.

По 44-ти пат, во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, 27 коњаници, меѓу кои и една девојка, тргнаа кон местото каде што започна Илинденското востание и ќе дадат свој значаен придонес во одбележувањето на 119. годишнината од големиот македонски празник.


Нивниот марш започна од паркот „Јане Сандански“, каде градоначалникот Тимчо Муцунски им го предаде општинското знаме. Потоа, придружени со зурли и тапани коњаниците поминаа низ неколку главни булевари низ Аеродром и се упатија кон црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде се одржа богата културно- уметничка програма, како круна на целиот настан.

Општина Аеродром оваа година беше главен покровител и спонзор на овој голем традиционален настан. Почитта кон традицијата е една од клучните работи кои го зајакнуваат нашиот идентитет и национално чувство, а гордоста токму Аеродром да биде домаќин на оваа долгогодишна традиција е огромна.

Најнови вести