петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Им купила плишани играчки на ќерките, па пронашлa нешто страшно во нив: Родители, бидете внимателни!

Им купила плишани играчки на ќерките, па пронашлa нешто страшно во нив: Родители, бидете внимателни!

Млада мајка останала во шок кога во плишана играчка која им ја купила на своите ќерки пронашла жилет.

Шенан Брендон (22) во локалната продавница купила плишан нилски коњ за своите деца Хејди (1) и Ава (2), а дека со играчките нешто не е во ред забележала кога постарата ќерка рекла дека носот на нивните играчки е остар.

Нејзиниот сопруг Калум (24) ја прегледа играчката и ја вратил во продавницата. Менаџерот при прегледот го притиснал нејзиниот нос, а притоа жилетот кој бил во играчката му го исекол прстот.

-Бев шокирана и згрозена кога го погледнав тоа. Жилетот беше долг околу седум сантиметри. Сè ми поминуваше низ главата. Моите деца можеа да се повредат. Читав за луѓето кои пронашле такви работи во детските играчки, но никогаш не ми паднало на памет дека може да се случи тоа. Не сакам да помислам на тоа, но дел од мене се прашува дали некој го направи ова намерно, рекла Шенон.

-Играа со нив во дворот. Чувствувам големо олеснување, бидејќи не ги понесоа со нив во кревет. Среќа што проверивме, но тоа едноставно не требаше да биде таму, заклучи таа.

Играчката ја вратиле во продавницата и поднела приговор.

-Благодарни сме на госпоѓата Брендон што ни го пријави овој случај и ѝ се извинуваме за непријатностите. Произведувачот на играчки внимателно проверува, а дури поминуваат и низ детектор за метал. Никогаш не сме имале слични приговори на овој, рекле од продавницата.