Долго топло жешко лето, а тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје во летна акција во Охрид. Од денеска, ќе биде на охридските плажи претпладне, а во центарот на градот попладне. Преку многу забава, дружба и награди, ќе ги промовира студиските програми на Универзитетот.
Универзитетот е уникатен по многу нешта. Тој е единствениот во државата што му е специјално посветен на секторот туризам и менаџмент, еден од најбрзоратечките сектори на светско ниво. Во рамките на Универзитетот, студентите студираат на неколку одделни факултета: Економскиот факултет, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Факултетот за информатика и Факултетот за туризам. Сите оние што се гледаат себеси како идни менаџери во туризмот, во компании што се занимаваат со финансиски дејности, како идни сопственици на бизниси, раководители на одделенија за човечки ресурси, идни програмери или како креатори на ПР и маркетиншки стратегии се тие што мора да тропнат на вратите на овој уникатен универзитет. Нуди светски признаена диплома и е еден од 76-те образовни институции во светот што поседуваат диплома за квалитет во високото образованието (UNWTO.TEDQUEL) доделенa од Светската туристичка организација при Обединетите нации.
Уписите во прва година на факултетите на Универзитетот се во тек. Сите заинтересирани студенти што летуваат или се на поминување низ Охрид, може да му се придружат на тимот на Универзитетот. Во Скопје може да го посетат самиот Универзитет од 9.00 до 16.00 часот секој работен ден. Обемни информации има и на неговата вебстраница. Предвидените слободни места на оваа исклучително интересена високо образовна институција брзо се пополнуваат, па тие што сакаат да станат дел од неговата успешна приказна треба да побрзаат со аплицирање!