недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Првите оценки за „Куќа на змејот“ повеќе од ветувачки

Првите оценки за „Куќа на змејот“ повеќе од ветувачки

Пристигнаа првите критики за новата серија на ХБО, „Куќа на змејот“ (House of the Dragon) и според истите има причина за возбуда. Некои критичари дури тврдат дека е подобра од Game of Thrones и Breaking Bad.

Премиерата е закажана за 21 август, а ако се верува според критиките на критичарите, гледачите реално имаат високи очекувањата за серијата

-Пилот серијата многу добро го објаснува својот контекст во однос на Game of Thrones, ги претставува неговите клучни лекови. Лесно се следи премиерата со живи бои и детална текстура. За сега е апсолутно достоен наследник, напиша критичарот Брендот Катз.

-Не знаев колку ми недостасува тематската песна од Game of Thrones додека не ја слушнав на премиерата на House of the Dragon. Првата епизода е фантастична. Едвај чекам да видам што следува. Стискам палци за да не се повтори последната сезона од Game of Thrones, вели критичарката Кет Комбс.