понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонски туристи ќе ја поминат ноќта пред хотел во Грција, агенцијата не уплатила пари

Македонски туристи ќе ја поминат ноќта пред хотел во Грција, агенцијата не уплатила пари

Хотелот „Геракини Ситониа вилиџ“ на Халкидики, Грција им го прекинал одморот на 12 семејства од Македонија поради нерасчистени сметки со агенцијата преку која го уплатиле осумдневниот аранжман.

Семејствата го уплатиле целиот престој однапред, а на четвртиот ден од одморот на рецепција ги дочекало известување дека во четврток треба да го напуштат хотелот и да си побараат објаснување од нивната агенција во Македонија која ги немала уплатено целосно средствата на хотелот.

Во моментов луѓе со мали деца се пред хотелот се обидуваат да добијат објаснување зошто добиле известување да си заминат.

Тој рече дека некако стапиле во контакт со агенцијата, но оттаму се однесувале како да е се нормално и не знаеле што е проблемот затоа што наводно имале испратено уредна листа со гости во хотелот.

Најнови вести