среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Како може гласот на народот да биде чекор назад, референдумот е најдемократскиот начин на изразување на волјата на граѓаните

Николоски: Како може гласот на народот да биде чекор назад, референдумот е најдемократскиот начин на изразување на волјата на граѓаните

Како може гласот на народот изразен преку непосредно гласање на референдум, кој претсавува најдемократска алатка на изразување на граѓаните, да биде чекор назад, запраша денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на теренските активности за изборната кампања за Совет на Општина Тетово, каде беше запрашан од новинарите за коментар на тврдењата на премиерот, Димитар Ковачевски дека референдумот е чекор назад за Македонија.

Николоски посочи дека очигледно, најдемократскиот чин на изразување на граѓанската волја во најразвиени држави, преставува чекор назад само за Ковачевски кој што се плаши од волјата на народот и кој се плаши од резултатот на референдумот која ќе биде успешен и на кој граѓаните јасно ќе порачаат дека не прифаѓаат бугарски диктат со кој се поништува македонскиот јазик, македонската самобитност, култура и историја.

– Јас не гледам како најдемократскиот начин на изразување на волјата на граѓаните, а тоа е диртен референдум кој што е врв на демократијата во најразвиените држави, може да е чекор наназад!? Како е возможно, изјаснувањето на секој еден граѓанин за битна, а ова е најбитна тема, може да е чекор наназад!? Очигледно, тоа е чекор наназад само за Ковачевски, кој што се плаши од волјата на народот и кој што се плаши од резултатот на референдумот, а референдумот и резултатот од референдумот ќе се јасни, а тоа е дека граѓаните не го прифаќаат овој бугарски диктат со кој што се поништува македонскиот јазик, македонската самобитност, македонската култура и историја, рече Николоски.

Посочи дека го слушал неговото вчерашно телевизско интервју, во кое не одговори на ниту едно поставено прашање туку само ги повторуваше научените тези, и каде што на инсистирање за новинарот да каже што мисли за референдумот, конфузно одговори дека тоа е чекор назад.

– Го слушав неговото вчерашно интервју и навистина сум изненаден од ставовите кои што ги кажа. Прво, ако забележавте не одговори на ниедно прашање кое што му беше поставено од страна на новинарот. Очигледно, пред интервју му даваат тези, тезите ги учи напамет и што и да го прашаат, одговара во рамките на тезите. На пример, го прашуваат што мисли за референдумот, тој им објаснува што Киро Глигоров изјавил во девеесетите години или каква партија предводи. На инсистирање на одговори што мисли за референдумот, конфузно кажа дека тоа е чекор наназад, истакна Николоски.

Најнови вести