Македонскиот актер Митко Апостоловски почина денес на 67 годишна возраст.
Со емотивни зборови сочувство изрази неговата колешка, актерката Јелена Жугиќ.
„Снагата карпа, душата памук, очите и насмевка космос, актерски виртуоз, доајен на битолското и македонско глумиште.
Почивај во мир драг Митко С. Апостоловски.
Нека ти е вечно името и славата“ – пишува Жугиќ.