Миљана Кулиќ во понеделникот беше префрлена од шок соба на полуинтензивна нега на Ургентниот центар. Сè уште е ментално болна, па по цел ден плаче дека сака да си оди дома и дека е гладна.
Кулиќ десет дена се бореше за живот и конечно победи, а нејзината здравствена состојба моментално е стабилна.
Миљана конечно е подобра и нејзината здравствена состојба од ден на ден се подобрува! Вчера ѝ биле извршени детални прегледи, по што лекарите решиле да ја префрлат на полуинтензивна нега. Таа е сама во собата, но сепак под постојан надзор на лекарот – вели добро информиран извор, пренесе ПИНК.РС.
Кулиќ последните денови ја водеше најтешката битка во животот. Агонијата започна по операцијата за намалување на желудникот која ја направи во Турција.
Потоа состојбата се искомплицира и мораше докторите да и ја отстранат слезината. Поради обилни крварења таа долго беше во животна опасност.